Дома Фудбал Легендата на Ливерпул ќе го наследи Компани во Барнли?

Легендата на Ливерпул ќе го наследи Компани во Барнли?

Славниот фудбалер на Ливерпул, Крег Белами ќе го наследи Винсен Компани на клупата на Барнли.

Компани изненадувачки по испаѓањето со Барнли во Чемпионшип доби понуда од Баерн и одлучи да ја прифати. Сега медиумите на Островот пренесуваат дека фудбалерот кој остави најдлабока трага носејќи го дресот на Ливерпул привремено ќе го наследи.

Информациите се дека во Барнли одлучи Белами привремено да се грижи за тимот и да ја извршува тренерската функција додека не биде пронајдено конечно решение.

Белами беше асистент на Компани во неговите два претходни клуба, Андерлехт и Барнли. Како фаворити за долгорочно решение се споменуваат Скот Паркер и Френк Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…