Фудбалерот на Атлетик Билбао, Раул Гарсија, на крајот од сезоната ќе стави крај на својата играчка кариера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Славниот шпански офанзивец најави дека на крајот на една од најубавите сезони во поновата историја на Билбао, во која за време на 40-годишен пост беше освоен трофејот во Копа дел Реј, ќе се збогува со играњето фудбал.
Само двајца фудбалери во историјата на Ла Лига имаат одиграно повеќе натпревари од него, а тоа се Андони Зубизарета и Хоакин со 622. Гарсија има 20 и по објавата дека се пензионира на крајот на оваа сезона јасно е дека нема да може да ги стигне.
За сениорската репрезентација на Шпанија одигра само два натпревари, а во текот на кариерата настапуваше уште Осасуна и Атлетико Мадрид.