Легендарниот фудбалер и вечниот капитен на екипата на Ливерпул, Стивен Џерард денес официјално стави крај на професионалната фудбалска кариера.
Последните година и пол, англискиот фудбалер ги помина во екипата на ЛА Галакси и реши да се пензионира по истекот на договорот во МЛС.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Џерард, кој има 36 години одигра 710 натпревари за „црвените“ освојувајќи 8 трофеи.
„Имав неверојатна кариера и благодарен сум за секој момент кој го поминав во дресот на Ливерпул, Англија и Л А Галакси“, изјави Џерард.
„Горд сум дека одигра повеќе од 700 натпревари за Ливерпул, многу од нив како капетан, и да ја одиграм мојата улога во помагањето на клубот да донесе трофеи назас на Енфилд, најмногу по онаа фамозна ноќ во Истанбул. На меѓународно ниво, се чувствувам привилегиран да има 114 настапи за Англија и да ја имам честа да бидам капитен на мојата земја. Јас секогаш ќе погледнувам назад со голема гордост, секој пат кога го облекував дресот на Англија“, додава популарниот Стиви Џи.
Дебито во Премиер лигата го имаше во 1998 година, на натпреварот против Блекбурн. Капитенската трака ја доби во 2003 година, кога Жерард Улие го назначи за предводник на екипата. Во 2005 година го постигна најголемиот успех со освојувањето на ЛШ, по епскиот пресврт против Милан во Истанбул.