Дома Фудбал Легендарниот Одо во интересна ситуација: Го испратија во Серија Ц, па премина кај нив

Легендарниот Одо во интересна ситуација: Го испратија во Серија Ц, па премина кај нив

Во интересна ситуација се најде легендата на италијанскиот фудбал, Масимо Одо.

Масимо Одо се врати на клупата на Пескара каде и што ја започна кариерата како тренер во 2015 година. Она што е интересно е ситуацијата во која се најде при враќањето.

Одо во минатата сезона ја водеше Перуџа и овој тим беше исфрлен во плеј-аутот во Серија Ц токму од Пескара, па така Одо во Серија Б ќе го води клубот кој ја елиминираше „неговата“ Перуџа.

Покрај Перуџа и Пескара Одо како тренер ги водеше екипите на Кротоне и Удинезе. Играчката кариера му беше далеку поуспешна и ги носеше дресовите на Милан, Наполи, Лацио, Баерн…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …