Дома Фудбал Легендарниот Бразилец им одговори на критичарите: Безвреден сум? Немате почит

Легендарниот Бразилец им одговори на критичарите: Безвреден сум? Немате почит

Манчестер Јунајтед одигра сезона за заборав. „Црвените ѓаволи“ завршија на осмото место со ист број бодови како Њукасл, но поради полоша гол разлика, која во нивниот случај е дури и негативна, не обезбедија пласман во Европа.

Добар дел од тимот е мета на критики, особено триесет и двегодишниот легендарен Бразилец Касемиро, кој одигра значително полоша сезона од првата во Англија, во која постигна дури 13 гола. Касемиро поради повреди оваа сезона мораше да игра стопер во тимот, но сепак многумина велат дека тој повеќе не е на елитното ниво и дека треба да замине во Саудиска Арабија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во интервју за Sky Sports, Бразилецот им одговори на критичарите: “Критиката е дел од фудбалот, а јас сум секогаш многу смирен. Кога станува збор за конструктивна критика, секогаш е добредојдена. Особено во фудбалот, кога играте на високо ниво цели 10 години и ќе паднеш малку, секогаш ќе има реакција.

Минатата сезона ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиерлигата, а сега сум безвреден? Ова е судење без почит. Па кога не се почитува, тогаш е загрижувачки. Од моментот кога се чувствувам омаловажено, не се чувствувам како што треба. Тогаш ја губам почитта кон тие луѓе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…