Дома Трансфер зона Легендарниот Анелка пред враќање во фудбалот

Легендарниот Анелка пред враќање во фудбалот

Николас Анелка важеше за фудбалер кој никако не успеваше да се задржи подолго време во еден клуб.

Патуваше во Европа и Азија и настапуваше за гиганти како Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул, ПСЖ, Сити…играше и во Кина и Индија каде што ја заврши кариерата.

Во пензија Анелка е веќе пет години, а сега е пред нов ангажман, но не на теренот.

На поранешниот репрезентативец на „триколарите“ му е понудено местото спортски директор во францускиот четвртолигаш Јер.

Овој клуб има голем проект затоа што покрај ангажманот на Анелка во раководството би можеле да бидат доведени и играчи како Адил Рами и Кабаје. Двајцата имаат по 35 години, но јасно е дека клубот бара познати имиња за полесно да привлече и поголеми спонзори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Покрај Халанд, Сити сака уште една ѕвезда на Бортмунд

Манчестер Сити на лето сака да донесе две ѕвезди на Борусија Дортмунд, пренесуваат англиск…