Дома Фудбал Левандовски: Сакам следната сезона да играме заедно со Меси

Левандовски: Сакам следната сезона да играме заедно со Меси

Фудбалерот на Барселона Роберт Левандовски порача дека би сакал Лионел Меси да се врати во Барселона и да бидат соиграчи.

Аргентинскиот репрезентативец го напушти каталонскиот клуб во 2021 година и се пресели во Пари Сен Жермен, а медиумите се почесто пишуваат за негово враќање.

Еден кој би сакал да го види на „Камп Ноу“ е Роберт Левандовски, кој во минатото често зборуваше позитивно за Меси.

„Неговото место е во Барселона и ако се врати тоа би било нешто неверојатно. Сите знаеме дека тој припаѓа овде, но не можам да знам што ќе се случи во иднина.

Сакам следната сезона ќе играме заедно“, изјави Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…