Дома Фудбал Левандовски продолжува да испишува историја со Баерн во ЛШ

Левандовски продолжува да испишува историја со Баерн во ЛШ

Роберт Левандовски стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој победил на последните 18 натпревари во најсилното европско натпреварување.

До оваа бројка Левандовски стигна вчера со убедливата победа против Динамо Киев. Во овој натпревар полскиот голгетер постигна два гола во првото полувреме, Баерн на крајот славеше со 5:0.

Зад Левандовски е голманот на Баерн, Мануел Ноер кој има 17 победи во низа. Треба да се спомене и дека Левандовски стигна до 60 гола во дресот на Баерн во 70 одиграни натпревари во најелитното европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…