Дома Топ вести Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, но и ја истакна поврзаноста која ја чувствува со каталонскиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левандовски е најдобриот стрелец на Барселона од доаѓањето од Баерн Минхен. Сепак бидејќи е најплатен во тимот, а се ближи кон крајот на кариерата се шпекулираше дека може да го напушти „Камп Ноу“.

Пристигнаа до Левандовски богати понуди од Саудиска Арабија, се споменуваше и МЛС, но Полјакот засега има јасен став.

„Навистина не гледам зошто би заминал. Да се биде напаѓач во овој клуб ме прави многу горд и среќен. Играм за најдобриот клуб во светот и среќен сум што сум дел о него. Играњето тука ми дава енергија да работам уште понапорно, да правам специјални работи и да им носам радост на навивачите. Не ми е потребно ништо друго“, изјави Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…