Осум ден по скандалот во претходниот натпревар ЛА Лејкерси го совлада Детроит со 110:106. Во тој натпревар пред осум ден Леброн со лакт го удри Ајзеа Стјуарт кој тргна да се пресметува со него.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За целата ситуација Леброн доби суспензија од еден натпревар, Стујарт од два. Сега, новиот дуел помина без инцидент. Лејкерси стигнаа до 11. победа во 22. натпревар сезонава. Натпреварот беше решен во третата четвртина кога Лејкерси имаа серија од 16:0.
Како одмазда за она што му се случи претходно Леброн одигра фантастичен натпревар со 33 поени, пет скока и девет асистенции. Вестбрук постигна 25 поени. Шест скока и девет асистенции, Ентони Дејвис удрли 24 поени, 10 скока и три блокади.
Во останатите натпревари Мемфис славеше со Сакраменто со 128:101, а Торонто изгуби од Бостон.