Дома Фудбал Ла Лига има план: Не е праведно сега да прогласиме шампион

Ла Лига има план: Не е праведно сега да прогласиме шампион

Во Ла Лига инсистираат на завршување на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што беше потврдено претходно денес европските шампионати ќе продолжат. УЕФА го одложи Европското првенство за да ослободи термини за националните првенства.

По ваквата одлука во јавноста се олгаси Претседателот на фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.

„УЕФА на сите ни порача дека првенствата треба да завршат, ако може до 30. јуни, но не е исклучено некои да потраат и подолго. Нашиот план е да продолжиме со натпреварувањето во Ла Лига. Не би било праведно да се прогласи шампион според актуелната ситуација, а уште помалку да ја поништиме сезоната. Исто така, немаме датум за финалето во купот, но сакаме тоа да се игра со навивачи. Размислуваме да се игра на 31. мај“, изјави Рубиалес.

Во овој момент Барселона е лидер со 58 бодови, Реал Мадрид има 56.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Прилично сум сигурен дека одиме дома…“: Селекторот на Шкоткса го прекина интервјуто за ББС после 23 секунди

Стив Кларк, селекторот на шкотската репрезентација, го прекина интервјуто за BBC само 23 с…