Дома Топ вести Лапорта по освоената титула: Правиме се за да го вратиме Меси!

Лапорта по освоената титула: Правиме се за да го вратиме Меси!

Барселона вчера ја освои титулата во Ла Лига на која чекаше четири години, ова беше прва титула за Чави како тренер на Каталонците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Титулата Барселона ја обезбеди со победата против Еспањол од 4:2, а секако среќен беше и Лапорта.

„Ја заслуживме оваа титула. Економски го спасивме клубот и ја вративме радоста на навивачите. Бускетс заминува како шампион во Ла Лига и секогаш ќе биде дел од нашите срце, тој е важен дел од историјата на Барселона. Воопшто не е лесно да ја освоите Ла Лига, им честитам на играчите и стручниот штаб. Чави одигра клучна улога“, порача Лапорта.

Овие денови многу се пишува за враќање на Меси, па Лапорта доби и такво прашање.

„Ќе направиме се што можеме за да го вратиме Лео“, одговори првиот човек на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ова е сумата што ја понуди Милан на Керим Алајбеговиќ!

Милан го посакува младиата босанска ѕвезда Керим Алајбеговиќ во својот состав и веќе претс…