Дома Фудбал Лапорта: Дембеле? Тој повеќе не е наш фудбалер

Лапорта: Дембеле? Тој повеќе не е наш фудбалер

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не отстапува од позицијата дека клубот нема да се согласи на финансиските услови на Осман Дембеле.

Договорот на Дембеле со Барселона истече на 30-ти јуни и тој во моментов е слободен агент. Французинот не е задоволен од понудата на Барселона и одби да ја продолжи соработката.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Осман повеќе не е наш фудбалер. Немаме поставено краен рок за постигнување на договор со него. Тој или треба да ја прифати понудата или да си замине“.

„До сега Дембеле не ја прифатил понудата, но исто така и не ја одби. Меѓутоа, со сигурност нема да му понудиме повеќе бидејќи мораме да ги следиме финансиските ограничувања за платите“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …