Дома Топ вести Лапорта без размислување: Сакам Чави да остане!

Лапорта без размислување: Сакам Чави да остане!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во интервју за „Мундо Депортиво“ зборуваше за тренерот на Барселона Чави Ернандез и неговата одлука да го напушти клубот на крајот од сезоната. Тој истакна дека се надева дека шпанскиот стратег ќе ја промени таа одлука и дека ќе остане во Каталонија.

„Му кажав на Чави дека сите тренери сакаат да дојдат во Барселона, но дека нема да размислуваме за другите додека тој е тука. Му кажав и дека ја почитуваме неговата одлука, но и дека играме подобро и дека се изгледа подобро“, изјави Лапорта.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На прашањето дали би сакал Чави да остане, претседателот на Барселона не се двоумеше:

„Да, да, да и да. И тој тоа го знае. Би сакал да продолжи и тоа му го кажав уште одамна, кога зборуваше за притисок. Му кажав дека тука секогаш има притисок. Го прашав какви се шансите да се премисли, но тој продолжи да вели дека ќе си замине на крајот на сезоната, дека сме се договориле за тоа“.

Ако Чави реши дефинитивно да си замине, Лапорта беше запрашан за каков би сакал да биде новиот тренер на Барселона..

„Имаме јасна слика: тренерот што ќе дојде ќе мора да се прилагоди на нашата структура. Барса не може да се менува со секој тренер што доаѓа. Барселона е над тренерите, играчите, претседателите, директорите. Понекогаш слушам приказни дека нашиот систем е надминат. Не се согласувам со тоа“, одговори Лапорта.

Еден од тренерите кој одлично се вклопи во имиџот на Барселона е Луис Енрике.

„Многу го сакам Луис, неговиот карактер, личност, тој е многу добар, свој и сакам такви луѓе. Но, ние не разговаравме со него или со кој било друг тренер, бидејќи го почитуваме Чави. Кој сака да дојде во Барселона ќе мора да почека до крајот на сезоната“, истакна Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…