Дома Фудбал Англија Лампард ја убеди младата ѕвезда да остане во Челзи

Лампард ја убеди младата ѕвезда да остане во Челзи

0

Калум Хадсон-Одој е подготвен да потпише нов договор со Челзи, откако добил гаранции од новиот менаџер Френк Лампард, дека ќе има место во стартната постава.

Одој беше на излезна врата уште во јануари, кога доби примамлива понуда од Баерн, но Челзи се спротистави на неговата продажба.

18 годишниот крилен напаѓач одбиваше да потпише нов договор бидејќи не ја гледаше својата иднина на „Стенфорд Бриџ“, но очигледно работите се променија.

Англиските медиуми објавија дека Челзи подготви нов, пет годишен договор, според кој Хадсон-Одој неделно ќе заработува 100.000 фунти, а играчот се согласил да потпише после разговорот со Лампард.

„Калум се уште мора да се развива како фудбалер, но нема да погрешам ако кажам дека во наредните години Одои ќе има клучна улога во тимот на Челси и во репрезентацијата на Англија. Сакам да работам со него, да го мотивирам и да му помогнам да се развива како играч“, изјави Лампард

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса јавно му соопшти на Ракитиќ: Тој повеќе не е во нашите планови!

Иднината на Иван Ракитиќ веќе подолго време е главна тема во спортските медиуми, а после о…