Дома Фудбал Англија Лампард: Челзи може и без засилувања!

Лампард: Челзи може и без засилувања!

Новиот менаџер на Челзи, Френк Лампард е свесен дека тимот не може да се засили во летниот преоден рок, но верува дека ќе има успешна сезона со актуелниот состав.

Како што е познато, Челзи има забрана од ФИФА за регистрација на нови фудбалери, па Лампард ќе мора да работи со фудбалерите кои ги има на располагање.

Лондонскиот тим пристигна денес во Јокохама на предсезонска подготовка, а во петок „сините“ ќе го одиграат првиот контролен натпревар, против јапонскиот шампион Кавасаки .

„Наследив многу добри играчи. Свесен сум дека не можеме да купуваме нови во оваа година, но не сметам дека имаме таква потреба. Задоволен сум од составот со кој располагам. Верувам дека ќе имаме успеси. Имам свој план за дејствување. Работиме заедно една недела, и јас сум многу задоволен од ставот на играчите и од квалитетите што ги покажуваат“, истакна Лампард.

Челзи во летниот предоден рок остана без најголемата ѕвезда Еден Азар, кој се пресели во Реал Мадрид, а „сините“ го откупија договорот на Матео Ковачиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рамос има предлог: Посебна „Златна топка“ за Роналдо и Меси

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се погува со фактот дека „Златната топка“ оваа годи…