Дома Фудбал Англија Лампард искрено за Вернер: Ќе видам што со него

Лампард искрено за Вернер: Ќе видам што со него

Челси вчера одигра лош натпревар и беше поразен на гостувањето кај Арсенал со 3:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот гол за Сините го постигна Абрахам во 86. минута, а после натпреварот Лампард не ги поштеди своите играчи.

„Не бевме доволно добри во првото полувреме. Вториот дел беше подобар, но негативата беше преголема за да направиме нешто конкретно.“ – рече Лампард.

Тренерот на Челси даде коментар и за Вернер кој одигра катастрофално полувреме во поразот на својата екипа.

„Ќе видиме што со него. Слабата реализација е нешто поради што напаѓачите често се мета на сите. Тимо не ни даде доволно ниту со позед на топка, а ниту без неа. Му треба време. Ќе разговарам со него и ќе видам како се чувствува.“ – додаде Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …