Дома Фудбал Англија Лампард даде одговор на прашањето кој е подобар, Меси или Роналдо

Лампард даде одговор на прашањето кој е подобар, Меси или Роналдо

Легендата на Англија и на Челзи, Френк Лампард и понатаму има култен статус во англискиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој одговори на вечното прашање и ги спореди Кристиано Роналдо и Лионел Меси кој е подобар.

„Играв против двајцата, повеќе со Кристијано додека беше во Манчестер Јунајтед, а со Меси играв многупати во големи натпревари меѓу Челзи и Барселона. Според мене, Меси е веројатно најголемиот играч по индивидуален талент. Но, кај Кристиано, она што го постигна во однос на трудот, тренингот и статистиките, ефективноста, головите и посветеноста, дури и денеска, значи дека тие двајца се едноставно на врвот“.

„Морам да им оддадам почит на двајцата на ист начин. Мислам дека не е фер да се обидуваме да го ставиме едниот над другиот. Според мене, тие беа најдобрите играчи и чест ми беше што можев да играм против нив и да бидам на теренот со играчи од таков калибар“, изјави Лампард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пресврт: Рашфорд може да игра повторно за Манчестер Јунајтед

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на пат да ја промени својата одлука и да ја об…