Дома Ракомет Лазаров со Нант ќе игра на Ф4 во Келн!

Лазаров со Нант ќе игра на Ф4 во Келн!

Maкедонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров со Нант ќе игра на завршниот турнир во Келн во Лигата на шампионите кој традиционално се одржува во германски Келн.

Денес Нант беше поразен во реваншот од Веспрем и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со 32:30.

Меѓутоа ова за унгарскиот тим беше пирова победа затоа што Нант во првиот натпревар дома победи со четири разлика 32:28.

Кире средбата ја заврши со четири гола од десет обиди, Дејан Манасков на другата страна два гола од исто толку обиди.

Место на Ф4 претходно обезбедија ПСЖ и Алборг, најверојатно четвртиот патник ќе биде Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

По две победи за четири екипи на скопската ракометна средба за У13

Топка Аеродром, Пролет 62, Илинден и Македонија Ѓорче Петров 1 забележаа по две победи во …