Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Се извинувам, мора да почнеме од почеток, без големи очекувања

Лазаров: Се извинувам, мора да почнеме од почеток, без големи очекувања


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Македонската ракометна репрезентација претрпе три убедливи порази на Светското првенство.

Очекувањата беа многу поголеми, па разочарувањето е огромно, а селекторот Лазаров ја прифати одговорност и се извини.

„Не сум задоволен од нашите изданија. Можеби сме послаби од трите противници, но не сме послаби за десет гола. Прифаќам одговорност. Не знам што се случи со ракометарите. Направивме многу жртва да стигнеме овде. Ова е ново искуство за мене. Треба да се работи многу за да не ни се случи тоа што му се случи на фудбалот, кошарката, одбојката. Имаме многу дебитанти кои не го издржаа притисокот. Сигурно и јас негде погрешив, никој не е безгрешен. Ги разбирам нашите играчи и се надевам дека еден ден ќе го дигнеме нивото, верувам веќе на следното Европско првенство“, изјави Лазаров.

„Не сум ни јас безгрешен, и се извинувам на Фалангата! Морам да им се извинам, дојдоа тука преку 2.000 луѓе. Тие се дел од нас, затоа имаат и големи очекувања. Но, ние мораме да почнеме од почеток и без очекувања, така побрзо ќе се кренеме“, изјави Лазаров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клоп по новиот шок за Ливерпул: Лут сум и разочаран, немам објаснување…

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ливерпул одигра уште…