Дома Ракомет Лазаров и Нант славеа против ПИК Сегед

Лазаров и Нант славеа против ПИК Сегед

Во рамките на Лигата на шампионите, Нант славеше во дуелот против ПИК Сегед на домашен терен со резултат 31:29.

Уште од почетокот на мечот, Нант беше доминантен на теренот и наметна силно темпо во играта. Предноста која ја создаваше во текот на целиот меч, Нант успеа да ја задржи до самиот крај.

Нант моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата со освоени 10 бодови.

Нашиот, Кире Лазаров на мечот имаше скор од пет погодоци од осум погодоци што го направи втор стрелец во францускиот состав по Балагер кој заврши со девет постигнати погодоци.

Следниот меч во рамки на Лигата на шампионите, Нант на Кире Лазаров ќе го одигра против екипата на ППД Загреб в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид продолжува со победи: Куманово немаше одговор за гостинската предност

Охрид славеше со 28-24 во Куманово и ја запиша седмата првенствена победа. Тимот на Борис …