Кирил Лазаров постигнуваше голови кога беше најпотребно и ја одведе Македонија до голема победа, овој пат над бронзената селекција од последното Светско првенство, Словенија. Македонија со голема победа ги стартуваше настапите на Европското првенство во Хрватска.

Во загрепска „Арена” падна Словенија, а Лазаров за хрватските медиуми им се заблагодари на „Фалангата” која синоќа од прва до последна секунда ги бодреше македонските ракометари.

„Секоја чест на нашите навивачи. Се чувствуваме како да играме во Македонија! И поради нив игравме под голем притисок. Мораме да имаме душа и да им вратиме за големата потпора”, вели капитенот.

Лазаров со седум гола беше втор стрелец во нашиот табор, а нацијата верува дека така ќе продолжи и утре против Црна Гора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе D.D
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардарки патуваат во Подгорица по медалите од ВРХЛ лигата

Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига, па …