Дома Топ вести Куртоа ја отвори вратата за Реал: Преговарам со Челзи, но срцето ми е во Мадрид

Куртоа ја отвори вратата за Реал: Преговарам со Челзи, но срцето ми е во Мадрид

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа даде многу интересно интервју во кое отворено призна дека сака да се врати во Мадрид.

Неговото семејство живее во шпанската престолнина, а тој го обожува градот каде помина три години во дресот на Атлетико Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Куртоа потврди дека преговара со Челзи за нов договор, но дека неговото срце е во Мадрид и сака да се врати во Шпанија.

„Мојот личен живот е поврзан со Мадрид. Моите две деца живеат таму заедно со нивната мајка. Секогаш кога ќе имам и најмала можност се трудам да одам во Шпанија, но тоа не е лесно. Да, моето срце е во Мадрид“, изјави Куртоа и прокоментира за интересот на Реал.

„Доколку тој клуб ме сака треба да се поврзе со Челзи. Ќе видиме, до сега нема конкретни чекори од страна на Реал. Го сакам Мадрид, ја сакам Шпанија и плачев кога заминував. Доколку имам можност би се вратил сигурно“, заклучи Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…