Дома Фудбал Куртоа проговори за својот договор: Не е време за одлуки

Куртоа проговори за својот договор: Не е време за одлуки

Договорот на Тибо Куртоа истекува за 18 месеци, па поради тоа многу се шпекулира за неговата иднина.

На одлуката на Куртоа може да влијае и тоа што неговите две деца живеат во Шпанија со неговата поранешна девојка.

„Ситуацијата не е лесна. Но, знам дека еден ден ќе се вратам во Шпанија… Ги сакам своите деца и понекогаш се прашувам: Зарем не би требало да играм во Шпанија? Поради тоа сакам да си дадам време за донесување на одлуката за продолжување на договорот“, изјави Куртоа.

„Не е вистинско време за донесување на одлуки, ниту за мене, ниту за Челзи. За неколку месеци повторно ќе седнеме и отворено ќе разговараме“, изјави Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија доби болна лекција, „Газета“ ги избра шесте столба за Мундијалот 2030

По поразот од Белгија со 1-4 и елиминацијата од Лигата на нациите, „Газета дело спорт“ пос…