Дома Фудбал Куртоа: Мурињо или Конте? Па јас поради нив си заминав!

Куртоа: Мурињо или Конте? Па јас поради нив си заминав!

Голманот Тибо Куртоа има големи главоболки после веста дека Реал Мадрид ја разгледува можноста да го ангажира Антонио Конте или Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лопетеги е пред отказ, шпанските медиуми тврдат дека Антонио Конте е во пол позција за негов наследник, но не се исклучува можноста да биде вратен и Жозе Мурињо.

Тоа го загрижува Тибо Куртоа кој имаше можност да работи со двајцата тренери во Лондон и тврди дека поради нив решил да си замине.

„Не можам да поверувам“, наводно им рекол Куртоа на соиграчите во соблекувалната.

„Овде во соблекувалната на Реал јас сум единствен кој имаше шанса да рабори со Конте и Мурињо. Го напуштив Лондон за да не ми се повторуваат такви искуства и сега читам дека би можел да дојде еден од нив“, ги пренесуваат шпанските медиуми зборовите на Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…