Дома Фудбал Куман му поставил услов на Лапорта, бара поголема власт

Куман му поставил услов на Лапорта, бара поголема власт

Жоан Лапорта и официјално ја презеде претседсателската функција во Барселона и во моментов му гарантира на Куман дека ќе остане на кормилото на тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа стана јасно после вчерашната средба помеѓу нив двајцата на која присуствувале уште спортскиот директор Матеу Алемани и техничкиот директор Рамос Планес.

Раководството изразило задоволство од работата на Куман, иако Барса лошо ја отвори сезоната, но во последно време игра одлично и заостанува само 4 бода зад лидерот Атлетико.

Холанѓанецот пак за време на состанокот поставил свои услови и бара да има поголема моќ на одлучување кога се трансферите во прашање, соопштува „Мундо Депортиво“.

Минатото лето кога пристигна Куман бараше да му бидат донесени двајцата фудбалери, но раководството не му ги исполни желбите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…