Дома Фудбал Куман му одговори на Пјаниќ: Малку е нервозен, други беа подобри од него

Куман му одговори на Пјаниќ: Малку е нервозен, други беа подобри од него

Mиралем Пјаниќ ја напушти Барселона и се пресели како позајмен играч во турски Бешикташ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако пристигна во турскиот клуб Пјаниќ во интервју за „Марка“ жестоко критикуваше Куман и зборуваше за неговата ситуација во Барселона. За критиките на Пјаниќ можете да прочитате – тука.

Сега стигна одговорот од тренерот на Барселона.

„Мислам дека е малку нервозен и разбирам дека е разочаран. Во нашиот систем на игра кој го практикуваме со и без топка, тој го изгуби местото од конкуренцијата. Ништо посебно не се случуваше, едноставно другите беа подобри од него. Му посакувам се најдобро“, одговори Куман.

Пјаниќ за Барселона одигра 30 натпревари, во главно шанса добиваше од клупата и не оствари некој посериозен учинок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го потврди и третото засилување од почетокот на Мундијалот!

Реал Мадрид официјално го објави пристигнувањето на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате…