Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали е спремен на крајот на сезоната да ја промени средината и да се пресели во Премиер лигата.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најсилен интерес за него покажува Челзи, кој на лето сака да донесе најмалку еден квалитетен дефанзивец.
„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па се во потрага по дефанзивец, а Кулибали е на врвот на листата желби.




30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.




„Сините“ стапиле во контакт со агентот на Сенегалецот и сакаат што побрзо да постигнат договор за да испратат понуда до Наполи.