Дома Трансфер зона Кулибали го напушта Наполи, Барса спема понуда

Кулибали го напушта Наполи, Барса спема понуда

Барселона спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, бидејќи иднината на Пике е неизвесна.

Кулибали е на врвот на листата желби на Чави, а Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето.

Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот би можел да се реализира за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…