Дома Кошарка Кузма со тројка во последната секунда донесе победа за Лејкерси ?

Кузма со тројка во последната секунда донесе победа за Лејкерси ?

Кошаркарите на ЛА Лејкерси во одличен натпревар го победија Денвер со 124:121.

Лејкерси веќе од претходно го имаат обезбедено првото место во Западната конференција, но продолжија со добра игра и не си дозволија премногу да се опуштат. Денвер пружи добар отпор и беше блиску до победата, сепак на крајот мораше да се помират со поразот.

Од самиот почеток на натпреварот гледавме изедначена броба и никој не направи некоја голема предност. Лејкерси после првата четвртина водеа со 31:25 додека на одмор се замина со 64:59 за Џејмс и друштвото.

Но, Денвер во третата четвртина врати се на почетокот и успеа да дојде до егал завршница. Сепак последниот напад во натпреварот го имаа Лејкерси, а тројка за победа постигна Кузма.

Во екипата на Лејкерси се истакна Леброн со 29 поени и 12 асистенции додека Ентони Дејвис додаде 27 поени, шест скока и пет асистенции. Херој на овој натпревар, Кузма уфрли 25 поени.

Кај Денвер најефикасен беше Џозиер со 18 поени, додека Никола Јокиќ одигра скромен натпревар и уфрли 12 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без клуб по Црвена звезда, Грејем сега се појави како Џокер

Девонте Грејем не ги оправда очекувањата во Белград, а додека е без ангажман, вниманието г…