Иако ретко кој очекуваше, но сепак Македонија прикажа добра игра и цел натпревар се држеше со Словенија која на крајот сепак поради искуството го доби натпреварот со 27:25.
За Филип Кузмановски овој пораз е по малку фрустрирачки бидејќи не ја искористивме шансата која ја имавме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Искрено не знам што да кажам после еден ваков натпревар. Се уште сум во еуфорија. Верував дека можеме да ја победиме Словенија и докажавме дека можеме само да не ги направевме тие технички грешки. Навистина се боревме и самите сме виновни што не изгубивме. Сепак, имаме уште два натпревари, главата горе и треба да одиграме уште поборбен“.
„И самите видовме дека можеме да играме ние помладите, оваа е таа генерација што се споменува цело време. Денес не можам да кажам што недостасуваше. Ќе го анализираме натпреварот, па потоа може да коментираме. Немаме време да се разочаруваме, одиме напред“, изјави Кузмановски.