Македонскиот фудбалер Крсте Велкоски изгледа ќе остане во редовите на Сарајево.
Според пишувањето на боснаките медиуми нашиот репрезентативец добил нов договор и во клубот ќе остане до јуни 2023 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Договорот на Велкоски истекуваше на крајот на овој месец, а двете страни се договориле соработката да биде продолжена, па и во наредните две сезони Велкоски веројатно ќе настапува за Сарајево.
Секако, треба да се почека официјалната објава од клубот.
Во изминатата сезона Велкоски одигра 34 натпревари и оствари учинок од четири гола и седум асистенции. За Сарајево вкупно одигра 209 натпревари и постигна 66 голови.