Дома Фудбал Лига на шампиони Крос ја откри тајната на успесите на Хејнкес!

Крос ја откри тајната на успесите на Хејнкес!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос се враќа на „Алијанц Арена“ и во полуфиналето ќе игра против својот бивши клуб Баерн Минхен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германецот одлично го познава Јуп Хејнкес и ја откри тајната на неговите успеси со Баварците.

„Ќе биде тежок меч. Тие се веќе шампиони и се во подобра форма во споредба со минатата година. Под раководство на Хејнкес се во добра серија, но се надевам дека ќе заврши утре. Атмосферата во соблекувалната е една од тајните на Јуп. Тоа е клучот за добрите игри“, открива Крос.

„Не можеш да купиш трофеј во Лигата на шампиони. Ние не трошиме многу на трансфер пазарот. Оваа сезона за нас ова е единствената шанса да освоиме трофеј. Пред две години бевме во иста ситуација и успеавме да триумфираме“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…