Дома Фудбал Крос одби да го продолжи договорот со Реал

Крос одби да го продолжи договорот со Реал

Тони Крос со години е еден од најважните играчи на Реал Мадрид, но на лето би можел да го напушти клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Крос со Реал Мадрид истекува во јуни 2023 година, а според информациите „кралевите“ му понудиле продолжување на уште една година.

32-годишниот Германец е незадоволен од понудата и побарал нов двегодишен договор, нешто на што Реал не сака да се согласи.

Поради тоа големи се шансите Реал на лето да го продаде Крос бидејќи влегува во последната година од договорот.

Најсилен интерес за Германецот покажува Јувентус, кој наскоро ќе испрати понуда до Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Јунајтед: Шешко ја заврши 2026 година, враќање најрано во јануари

Повредата на потколеницата го оддалечува Бенјамин Шешко од терените до најмалку јануари 20…