Дома Фудбал Крос му одговори на Руни: Исто беше и минатата година

Крос му одговори на Руни: Исто беше и минатата година

Реал Мадрид и Манчестер Сити утре ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вејн Руни ги испровоцира фудбалерите на Реал Мадрид со изјавата дека Манчестер Сити лесно ќе се пласира во финалето.

Меѓутоа, англиската легенда експресно доби одговор од плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос.

„Исто беше и минатата година. Никој не очекуваше дека ќе победиме, но на крајот победивме. Се сеќавам на зборовите на Руни, но и други го велеа тоа. Тоа не ни влијае нам, ниту дополнително нè мотивира бидејќи не може да бидеме помотивирани од моментот дека се бориме за влез во финалето“, изјави Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гранит Џака на 33 години прави шокантен трансфер

Гранит Џака зад себе има одлична сезона во Сандерленд, а игра и одлично на Светското првен…