Дома Фудбал Крос е против намалувањето на платите: Тоа е бескорисно!

Крос е против намалувањето на платите: Тоа е бескорисно!

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Тони Крос ја коментираше ситуацијата во која бројни клубови ги намалуваат платите на играчите поради економските последици од пандемијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Барселона и Атлетико е догворено намалување на платите за 70%, а вчера беше потврдено и намалување во Реал. За разлика од Барселона, во Реал платите ќе се намалат помеѓу 10% и 20% во зависност од тоа како ќе се заврши сезоната.

„Јас сум против намалувањето на платите поради корона-кризата. Сметам дека сите треба да ја добиваат целата плата и да прават разумни работи со неа. Намалувањето на платите е бескорисно. Тоа е донација за клубот во кој играш, а не на болните и погодените“, изјави Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алајбеговиќ сѐ повеќе баран, Италијанците најупорни!

За големиот талент Керим Алајбеговиќ одамна се зборува, а ова лето доби можност да ги пока…