Дома Фудбал Кришито до Пандев: Ти си легенда, ти благодарам за се што ме научи!

Кришито до Пандев: Ти си легенда, ти благодарам за се што ме научи!

Во последниот ден од преодниот рок Горан Пандев направи трансфер во Парма каде што ќе ги помине последните шест месеци во кариерата.

Џенова со специјално видео му се заблагодари на Пандев, а на социјалните мрежи се огласи и капитенот на екипата Доменико Кришито.

„Сакам да ти се заблагодарам за се што ме научи на теренот и надвор од него. За мене ти си легенда. Среќно пријатели, ќе ни недостасуваш“, порача Кришито.

Во Парма Пандев ќе биде соиграч со легендарниот Џанлуиџи Буфон кој редовите на „млекарите“ пристигна на почетокот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…