Дома Фудбал Англија Крај на сагата: Јаја Туре му се извини на Гвардиола!

Крај на сагата: Јаја Туре му се извини на Гвардиола!


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Јаја Туре беше надвор од тимот на Манчестер Сити, откако неговиот агент јавно во неколку наврати го нападна Пеп Гвардиола и неговите одлуки.

Каталонскиот стратег изјави дека Јаја Туре ќе биде надвор од тимот и нема да игра се додека јавно не се извини, па после цели три месеци африканскиот фудбалер се одлучи на таков чекор.

„Сакам да се извинам во свое, но и во име на оние кои ме претставуваат, на целиот тим и на менаџментот поради недоразбирањата во минатото. Изјавите кои се кажани не го претставуваат моето мислење за клубот и луѓето кои работат во него. Не чувствувам ништо друго освем голема почит кон Манчестер Сити и сакам се најдобро за овој клуб. Горд сум што голем дел од кариерата ја поминав пишувајќи ја историјата на овој клуб и сакам и понатаму да му помагам на Сити да бележи успеси. Живеам за тоа да играм фудбал и да ги правам навивачите среќни. Затоа им благодарам на пораките за поддршка во тешкиот период. Тоа многу ми значи мене и на моето семејство“, порача Јаја Туре на својот официјален Фејсбук профил.

После ваквото јавно извинување се очекува Гвардиола да го врати фудбалерот во првиот тим, а дали ќе му даде шанса за настап останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го „краде“ Гундоган пред носот на Барселона

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Ил…