Леонардо Бонучи објави дека по завршувањето на тековната сезона ќе ја заврши професионалната фудбалска кариера.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Италијанскиот дефанзивец се надева дека пред пензионирањето ќе успее да ја освои Лигата на Европа каде што Јувентус веќе е во полуфиналето. „Старата дама“ утре ја очекува реваншот во полуфиналето откако првиот натпревар заврши без победник 1:1.
„Кога ќе престанам да играм следната година тоа ќе биде крај на една дефанзивна ера“, изјави 36-годишниот стопер. Изјавата на Бонучи се однесува на крај на славната одбрана на Јувентус со него, Киелини и Брзаљи, додека на голот беше Буфон.
Бонучи дебитираше во професионалниот фудбал во 2006 година како играч на Интер, а во Јувентус дојде преку Тревисо, Писа, Џанова и Бари. За Јувентус игра од 2010 година со исклучок на сезоната 2017/2018 која ја помина во Милан. За репрезентацијата на Италија собра 120 натпревари и постигна осум голови.