Дома Останати Кошарка НБА „Кралот“ Џејмс го пропушта стартот на сезоната

„Кралот“ Џејмс го пропушта стартот на сезоната

0

Најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс заработи повреда на глуждот на левата нога и за него предсезоната е завршена.

Кливленд соопшти дека тој нема да биде во тимот за натпреварот со Орландо, кој се игра в петок и кој за вицешампионите ќе биде генерална проба пред почетокот на новата сезона. Исто така, неизвесен е неговиот настап и на првиот дуел во новата сезона против Бостон на 17 октомври.

Џејмс одигра само еден од досегашните четири натпревари на Кливленд во претсезоната. Во поразот од Чикаго 108:94 пред два дена тој имаше учинок од 17 поени, пет скока, три асистенции и по една блокада и украдена топка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In НБА

Проверете

Ќе гледаме ли нов спектакл? – Мејведер потврди: Имам понуди за борби во УФЦ!

Флојд Мејверд повторно е на насловните на спортските медиуми откако откри дека има неколку…