Дома Фудбал Кој ќе ја добие наградата за „Најдобар фудбалер“ според ФИФА?

Кој ќе ја добие наградата за „Најдобар фудбалер“ според ФИФА?

Вечерва во 20:30 часот по наше време започнува церемонијата за врачување на наградите на ФИФА за најдобрите од изминатата година.

Кристиано Роналдо е најголем фаворит да биде избран за најдобар фудбалер во 2017 година. Португалецот и минатата година ја доби оваа награда, а една година покасно се очекува повторно да ги остави зад себе Лео Меси и Нејмар.

Во гласањето учествуваа селекторите и капитените на националните тимови како и претставници на медиуми и фанови.

На церемонијата во Лондон денес ќе бидат уште доделени нагрдите за најдобра фудбалерка, најдобриот тренер, најдобриот гол и најдобрите навивачи.

Тројцата финалисти за наградата се Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар, а уште 21 фудбалер ќе конкурират во изборот за најдобриот тим на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…