Дома Фудбал Франција Кој ќе биде менаџер на Икарди ако се раздели од Ванда?

Кој ќе биде менаџер на Икарди ако се раздели од Ванда?

Aргентинскиот напаѓач Мауро Икарди има проблеми во приватниот живот со својата сопруга Ванда Нара која воедно е и негов агент.

Најпозната фудбалска менаџерка во овој момент е лута на Икарди затоа што смета дека ја изневерил. Напаѓачот се заканил дека ќе го напушти ПСЖ ако не му прости, но во медиумите се пишува дека Ванда не сака да има ништо повеќе со напаѓачот на францускиот клуб.

Изгледа дека таа е решена во намерата да се разделат. Италијанските медиуми се познамиаваа со прашањата кој во случај на прекин помеѓу Ванда и Икарди би бил нов менаџер на фудбалерот.

Според нив во таков случај за кариерата на Икарди би се грижел Валери Гуифриди кој и помогна на Ванда при трансферот на Мауро во ПСЖ. Вторатао пција е Мино Раиола кој со Икарди се поврзуваше во 2018 и 2019 година, но тогаш Аргентинецот сепак остана верен на сопругата.

Договорот на Икарди со ПСЖ истекува во јуни 2023 година, а се поврзуваше со и враќање во Серија каде што наводно го сакаат Јувентус и Милан. Како и е да треба да се почека прво да се види колку „пукнало“ на релација Ванда – Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…