Еве една информација која е прилично интересна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Можете ли да погодите кој продаваше најмногу дресови во Бундес лигата во претходните сезони?
Сигурно дека се работи за некој голем германски клуб и да погодивте, тоа е Баерн Минхен. Тоа и не е некоја вест, јасно им е на сите како стојат работите во Германија.
Меѓутоа интересно е што кога во прашање се фудбалерите, најпродаван е дресот на Хамес Родригез.
Репрезентативецот на Колумбија одигра солидна сезона во дресот на Баерн каде што настапува како позајмен фудбалер, а се очекува клубот наскоро и во целост да го откупи неговиот договор.
Ако заклучиме според продажбата на дресови тогаш Родригез без дилеми е најатрактивното засилување за минатата сезона.
