Дома Македонски спорт Мак баскет Кошаркарите со чартер-лет ќе патуваат за Перм

Кошаркарите со чартер-лет ќе патуваат за Перм

Нашата најдобра селекција ќе има и максимални услови за февруарскиот квалификациски циклус кој предвидува учество на вториот „балон“ од квалификациите за пласмaн на Евробаскетот 2022 година, кој ќе биде реализиран во перидот од 18. до 22. февруари во далечниот Перм.

„Нашиот најдобар сениорски тим заслужува и најдобри услови за функционирaње. Со оглед на тоа дека пред момците и стручниот штаб е оној најзначаен дел од квалификациите, ние како федерација се потрудивме и обезбедивме сè што потребно за тоа. Вклучително и чартер-лет до Русија, каде во наредниот месец нè чекаат четири квалификациски натпревари. Се со една цел, нашиот најдобар тим да биде што е можно подобро подготвен за предизвиците, и сите заедно да се обидеме да дојдеме до пласман на Евробаскетот“- потврдува претседателот Перо Антиќ. „И во оваа прилика, сакам да ја потенцирам нашата извонредна соработка која ја имаме со Агенцијата за млади и спорт, и директорот Наумче Мојсоски, кои ги следат нашите меѓународни активности“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Согласно со плановите на стручниот штаб, „црвено-жолтите“ ќе полетаат за Перм на 15. февруари во претпладневните часови. А враќањето од Русија е предвидено за 23. февруари.   

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Лина Ѓорческа со пресврт до четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирот …