Дома Трансфер зона Костиќ е завршен, а на чекор од Јувентус е и Депај

Костиќ е завршен, а на чекор од Јувентус е и Депај


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Според последните информации, Јувентус после Филип Костиќ за кого се чека само официјална потврда би можел да го доведе и Мемфис Депај.

Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо пренесува дека адвокатите на Депај работат на средување на документацијата со Јувентус и кога сите услови ќе бидат исполнети тој ќе прифати спогодбен раскин на договорот.

Каталонците на крајот изгледа мораа да ја прифатат „уцената“ на Депај бидејќи тој порача дека ќе замине само за преселба во друг топ клуб и без оштета. Во спротивно би останал до нареднот олето кога би можел да го напушти клубот како слободен играч.

Депај е задоволен од понудата на Јувентус и фактот што ќе игра за клуб кој ќе се бори за титули. Договорот се очекува да биде постигнат до крајот на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Чави сака бразилски напаѓач во јануари

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Виктор Роке, тинејџер…