Дома Трансфер зона Коста конечно дочека – Делегација од Мадрид пристигна во Лондон!

Коста конечно дочека – Делегација од Мадрид пристигна во Лондон!

Како што пренесуваат англиските медиуми, претставници на Атлетико Мадри допатувале во Лондон на преговори со Челзи…

Јасно е на состанокот главна тема ќе биде иднината на Диего Коста, кој е на излезни врати од „Стенфорд Бриџ“, откако влезе во конфликт со италијанскиот стратег на клупата на „сините“, Антонио Конте.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Тој по завршувањето на минатата сезона во која со Челзи ја освои титулата го напушти југозапдниот дел на Лондон и не се врати во текот на целото лето.

На големо се шпекулираше дека во финишот од преодниот  рок може да премина на позајмица во редовите на Евертон или Фенербахче каде што би се обидел да се врати во препознатливата форма, но на крајот остана без ангажман.

Атлетико сака да го врати, а изгледа дека и желбата на Коста е враќање во Мадрид, па претставниците на клубот од шпанската престолнина ќе се обидат да се договорат со управата на англискиот клуб за откуп на договорот на Коста, тие се надеваат дека токму Коста ќе биде нивното прво засилување во јануари кога повторно ќе имаат право да регистираат нови фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

За иднината на Кварцкелија се огласи неговиот татко

Грузиецот Квича Кварцкелија е еден од фудбалерите кои се желба на Барселона во летниот пре…