Дома Топ вести Корона хаос во Барселона: Чави има само 12 играчи, тројца од нив се голмани

Корона хаос во Барселона: Чави има само 12 играчи, тројца од нив се голмани

Барселона денес објави дека со коронавирусот се зразени Осман Дембеле, Самуел Умтити и Гави.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претходно оваа нeдела позитивни на тестирањето беа Жорди Алба, Клемент Ленгле, Дани Алвес и Алејандро Балде, па Барселона сега има седум заразени. Се очекува во следните неколку дена да се појават и уште некои позитивни.

Барселона својот следен натпревар треба да го игра на 2. јануари против Мајорка, а Чави ќе има големи проблеми за овој натпревар да го собере тимот.

Во овој момент ситуацијата е таква што од сениорскиот тим Чави на располагање има само 12 играчи, а од нив тројца се голмани. Ова значи дека Барселона нема доволно играчи за првите 11.

Играчите кои се на располагање на Чави во овој момент се: Тер Штеген, Нето, Инаки Пења, Дест, Пике, Араухо, Мингуеза, Ерик Гарсија, Рики Пуиг, Кутињо, Френки Де Јонг и Лук Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер може да му укаже голема доверба на вториот свој голман во новата сезона

Станува сè поверојатно Хосеп Мартинес да биде стартниот голман на Интер следната сезона, и…