Боксерката која предизвика многу контроверзии Имане Калиф од Алжир го освои златото на Олимписките игри во Париз во категоријата до 66 килограми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во финалето со едногласна одлука на судиите беше подобра од Лиу Јанг од Кина. Голем дел од јавноста ја обвинуваше Калиф дека е всушност маж. Меѓународната боксерска асоцијација и ја суспендираше поради вишок на тестерон, но ИБА не одговара за олмпискиот турнир, па таа доби дозџвола за настап.
„Јас сум силна жена, жена со посебна сила. Благодарам на Бог, ова е мој одговор на сите кои беа против мене. Горда сум што Алжир излезе на улиците поради мене. Тоа е чест. Ова е медал за цел арапски свет“, порача Калиф.