Дома Видео Контроверзен момент: Начо му „залепи банана“ на Иљараменди и не беше исклучен 🎥

Контроверзен момент: Начо му „залепи банана“ на Иљараменди и не беше исклучен 🎥

Реал Мадрид и Реал Сосиедад вчера одиграа натпревар без голови, а натпреварот помина со неколку контроверзни ситуации.

Првиот контроверзен момент кој привлече и најголемо внимание се случи во 76. минута кога Начо во стил на кошаркар му „залепи банана“ на Иљараменди кој се обидуваше да изведе аут.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Контроверзно е што судијата на натпреварот не му покажа жолт картон кој ќе беше негов втор за исклучување.

„Ова е исто како да го соблечете дресот при прослава. Нема двоумење, правилата се јасни и Начо мораше да биде исклучен со вториот жолт картон.

Не е ова ситуација во која треба да направите проценка, правило си е правило. Судијата или не ги знаеше правилата или не сакаше да го иклучи, станува збор за сериозен пропуст“, порача поранешниот судија Итуралде Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Сите наши натпревари досега со Данска – на последниот сме ги прегазиле! (Видео)

Ждрепката денеска ја одреди Данска за ривал на Македонија во полуфиналето од мундијалскиот…