Дома Фудбал Италија Конте ја напушта Меаца, а веќе се знае кој би можел да го наследи

Конте ја напушта Меаца, а веќе се знае кој би можел да го наследи

Италијанските медиуми синоќа објавија дека Антонио Конте после само една сезона го напушта Интер.

Интер успеа да заврши на второто место во Серија А со 82 бода и да избори директен пласман во ЛШ, што беше првична цел пред почетокот на сезоната. Но, се чини дека челниците на клубот на крајот не се задоволни од она што го покажа Интер.

Многумина веруваа дека овој клуб може да се бори за титулата до самиот крај, а особено што Јувентус не беше на своето ниво оваа сезона. Наводно, Конте и челниците на клубот се во лоши односи поради што е одлучено да се раскине договорот.

Тутоспорт синоќа објави дека во клубот веќе е донесена одлука да му се врачи отказ на Конте и веќе бараат негова замена. Наводно, на листата желби се наоѓаат двајца моментално слободни тренери.

Тоа се Макс Алегри и Маурисио Покетино, кои се без ангажман веќе некое време. И двајцата сакаат да се вратат на тренерската работа, а како што стојат работите еден од нив ќе го предводи Интер во следната сезона.

Сепак, навивачите на клубот не се задоволни од оваа одлука на челниците бидејќи веруваат дека Конте треба да остане, односно дека Интер игра далеку подобро откако тој ја презема екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид после натпреварот против Бетис доби нов грб 📷

На синоќешниот натпревар помеѓу Бетис и Реал Мадрид имаше многу контроверзни одлуки на суд…